Оваа пејачка е причината поради која Оливера не ја сака Ражнатовиќ за снаа? Идната свекрва на Анастасија пати по поранешната девојка на синот?

Во медиумите извесен период на големо се пишува дека Анастасија Ражнатовиќ и женскиот дел од семејството Гудељ не се баш во добри односи.

Како што пишува сега српскиот Курир наводно нетрпеливоста меѓу Оливера, Вања и Анастасија ја докажуваат и последните случувања во Шпанија иако ќерката на Светлана Ражнатовиќ се труди со сите сили да го покаже спротивното во јавноста.
Како што објави Курир Старс од добро упатен извор, Оливера и Вања Гудељ се уште се против врската на Немања со Анастасија и го поддржуваат да се смири со поранешната девојка Сања Вучиќ, која ја обожаваат.

Дека нивната врска се уште е одлична и покрај раскинувањето, можеше да се заклучи минатиот викенд, а поводот беше роденденот на Оливера.
Имено, Сања јавно и честиташе роденден на мајката на своето поранешно момче и остави коментар под фотографијата на Вања на која таа и изрази љубов на мајка си по повод нејзиниот роденден.

За разлика од Сања, Анастасија не и го честиташе јавно роденденот на својата идна свекрва и тоа уште повеќе ги подгреа гласините дека тие не се во добри односи.
– Мајката на Немања Оливера во саботата го прослави роденденот. Честитки пристигнаа од сите страни: од семејството, пријателите и обожавателите. Сите пораки кои ги добивала ги споделила со следбениците на својата приказна, но изостанала пораката од Анастасија. Ражнатовиќ не кажа ниту еден збор на социјалните мрежи, што ги шокираше сите, особено со оглед на тоа што вели дека меѓу нив е се во ред. Тој ден не се ни виделе, иако и Анастасија моментално е во Шпанија.

Сепак, особено се издвои една честитка, а тоа беше онаа што ја испрати Сања Вучиќ. Под фотографијата која ја објави Вања, таа во коментарите остави љубовни емотикони и срциња, заедно со кратка порака: „Schatjes“ (души, љубови, мили,). Тоа само покажува дека тие две се уште ја обожаваат својата несудена снаа Сања и дека со целото срце сакаат Немања да се смири со неа.
Никогаш не го криеја тоа, а познато е и дека и двајцата се уште ја следат поранешната „Ураганка“ на Инстаграм, додека Анастасија ја избришаа одамна –истакна изворот близок до семејството.

Иако таткото на Немања, Небојша неодамна се обиде да ги смири сопругата и ќерката со Анастасија, таа мисија се покажа како неуспешна, а уште еден доказ за тоа е фудбалскиот натпревар во Севиља, на кој токму на роденденот на Оливера присуствуваа Вања и Анастасија.
Сепак во една прилика Сања Вучиќ истакна дека таа и Немања никогаш не биле во врска туку само многу добри пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.