Оваа Романка е најубавата жена на светот, мажите паѓаат на неа: Сега на површина излезе шокантната вистина, еве што направила (фото)

Цел свет се восхитува на убавината на романската манекенка и водителка Мадалина Генеа, а таа со години ја носи ласкавата титула за најубава жена на светот! Новата Софија Лорен, како што најчесто ја нарекуваат, го одзема здивот откако се појави на сцената со своите занесни облини и лице како ангел. Меѓутоа, кога се појави нејзината слика од раната младост, се чини дека илузијата е уништена.Имено, многумина забележале дека оттогаш нејзиниот изглед прилично се променил, а веруваат дека не одолеала ниту на пластичните операции и естетските корекции. На интернет се шпекулира дека ги зголемила усните, ги наполнила образите, ги зголемила градите и направила разни фејслифтинг.Има и такви кои отишле чекор подалеку и тврдат дека ги направила за што повеќе да наликува на легендарната убавица Софија Лорен. Но, Мадалина никогаш јавно не призна дека имала какви било корекции.Мадалина, која е родена и израсната во Слатина, Романија, кариерата ја започна на 15-годишна возраст, кога ја откри италијанскиот дизајнер Гатинони. Таа се појави во спотот за песната „Il tempo tra di noi“ на италијанскиот музичар Ерос Рамацоти во 2007 година. Таа дебитираше на големото платно во 2011 година, глумејќи во италијанскиот филм „I soliti idioti“. Таа е можеби најпозната на гледачите по улогата на Софија Лорен во филмот „Куќата на Гучи“.Тоа беше најдобриот пријател на Ноле од теренотВо мај 2023 година како бомба пукна веста дека занесната Романка започнала романса со тенисерот Григор Димитров, инаку голем пријател на Новак Ѓоковиќ. Тогаш сите велеа дека Дмитров ја потврдил титулата најголем заводник меѓу сите тенисери, бидејќи дури успеал да ја заведе Мадалина.Гласините за нивната врска започнаа за време на турнирот во Мадрид, кога Мадалина беше видена во ложата на Григор. Потоа објавија слики од истиот ресторан, а потоа конечно признаа дека меѓу нив имало искри.Но, веќе во октомври 2023 година нивната врска пропадна, а и двајцата ги избришаа сите заеднички фотографии и оттогаш не си се обратиле директно, ниту пак зборувале за причината за раскинувањето. Иако имаа интересно двосмислени објави.– Лојалноста не се купува со пари – порача тогаш тенисерот на својот Инстаграм профил, а потоа Џенеа го објави цитатот:– Откажувањето од привремена забава за да се изгради трајна стабилност не е загуба.Инаку, кога станува збор за Мадалина, нејзиниот љубовен живот не бил ништо помалку бурен од оној на Григор. На списокот на нејзините поранешни љубовници има многу познати имиња, меѓу кои Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер, Ерос Рамацоти и Леонардо ди Каприо. Од врската со романскиот бизнисмен Матео Стратан ја има ќерката Шарлот, а го сакаше и Италијанецот Андреа Кастањола од кого се раздели дури во 2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: