Оваа славна дама има 63 години и носи мини здолништа: „Не треба да се облекувате според годините“

Славната креаторка и жената на чело на модната куќа Версаче, Донатела Версаче (63), во последното интервју изјавила дека можеби нема уште долго да биде на оваа позиција на модниот бренд.
Донатела е една од омилените креаторки на познатите дами. Многу кратко откако нејзиниот брат го ранија во 1997-ма година, Донатела е на чело на Версаче.
Не само што е успешна деловна жена, Донатела е некој кој во душата е сè уште млад. Токму поради тоа одлучила никогаш да не престане да носи мини здолништа.


Кога ја прашале дали престанала да носи мини здолништа и други мини креации, Донатела одговорила: „Дали сте нормални? Нормално дека и понатаму ги носам. Само не со разголени нозе“.
„Доколку сакате работите да ги буткате нанапред, најважно е да не мислите на своите години. И нормално дека не треба да се облекувате во согласност со своите години“, рекла Донатела.
На прашањето за завршувањето на кариерата, рекла: „Веројатно не би требало ова да го зборувам, но нема засекогаш да работам за Версаче. Но, додека сум тука, ќе работам сосема посветено“, заклучила креаторката.


На Донатела често ѝ замеруваат за разните зафати на лицето, бидејќи, поради нив се довела до непрепознатливост, за што сведочат и фотографиите од некогаш и сега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.