Оваа соседна држава ги отвори воздушните граници: Визер ги обнови летовите до овие европски аеродроми!

Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва.
По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот. Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.