Оваа фотографија ќе ви ги згрее срцата, Раде Шербеџија по две години се сретна со ќерка му

Раде Шербеџија на својот Фејсбук профил објави фотографија со сопругата Ленка и ќерките.
Актерот им го честита Божиќ на илјадниците свои следбеници на Фејсбук и објасни дека Божиќ го поминал со својата ќерка Вања, која ја немал видено две години.


– По две години откако не ја видовме, нашата ќерка Вања дојде кај нас од далечната Австралија. Уживаме заедно и им посакуваме среќен Божиќ на сите што го слават, напишал Шербеџија.
Фотографијата од среќното семејство на Фејсбук ја лајкнале 30.000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.