Оваа хронична болест го чинеше Боро живот! Еве со какви здравствени проблеми се бореше познатиот рокер

Легендарниот пејач и фронтмен на „Рибље Чорба“ почина на 72-годишна возраст по компликации предизвикани од болеста од која боледуваше со години.Ѕвездата на ЈУ-рок сцената, Борислав Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба,  почина во Љубљана на 72-годишна возраст  по компликации поврзани со хроничната опструктивна белодробна болест, таканаречена ХОББ, од која боледуваше со години.Како што изјави неговиот менаџер Бора Ѓорѓевиќ пред неколку дена, тој бил интубиран во Клиничката болница во Љубљана поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест, а лекарите направиле се за да му го подобрат здравјето, особено бубрезите и црниот дроб, за што примил соодветна терапија.Оваа белодробна болест се карактеризира со ограничен проток на воздух во дишните патишта, кој обично е прогресивен и поврзан со воспалителен одговор на белите дробови на штетни честички или гасови. Како што кажува самиот збор хронична, оваа болест не поминува, а опструктивната значи дека делумно го блокирала протокот на воздух во дишните патишта на музичката легенда. Кај пациентите со ХОББ отворите на дишните патишта се помали, поради што во нив влегува помалку воздух бидејќи ѕидовите на дишните патишта се згуснуваат и отекуваат со текот на времето и се компресирани под влијание на малите мускули кои ги опкружуваат. Најчесто од ХОББ се погодени пушачите или бившите пушачи, луѓето кои живеат во куќи со многу гасови (согорување во печки за греење соби) или оние кои работеле на места каде има многу прашина и чад. Повеќето пациенти со ХОББ се постари од 40 години, но може да бидат засегнати и помлади луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: