Ова дете е гениј: Тврди дека може да докаже дека Ајнштајн и Стивен Хокинг не биле во право

На 11-годишна возраст повеќето деца сонуваат што ќе станат кога ќе пораснат, a aстронаут, доктор и актер се едни од најчестите желби. Најверојатно слободното време го минуваат надвор качувајќи се по дрва или обидувајќи се да го поминат тешкото ниво на некоја видео игра.
Но Вилијам е дете гениј и тој е малку поразлично 11-годишно момче. Тој дури не ни сонува што ќе стане кога ќе порасне, туку веќе се движи во таа насока. Тој е на пат да стане првиот астрофизичар кој ќе го докаже постоењето на Бог преку наука. Барем тоа е неговата мисија. Желбата на Вилијам да стане астрофизичар потекнува од неговата силна верба. Тој има само 11 години и веќе ја знае неговата животна цел.
Ова момче веќе има дипломирано на државен колеџ, а минатата година се запиша на факултет. Завршил средно училиште на само 9 години. Психологот од Универзитетот во Охајо, Џоан Рутсац го прогласила за гениј.


-Ние сме нормални луѓе и тој е нормално дете. Не можете да го разликувате од другите 11-годишници. Сака спорт, ТВ серии, компјутери и видео игри како и секој друг, изјавил Питер Маилис, неговиот татко.
Питер, кој е грчки православен свештеник, изјавил дека Вилијам почнал да зборува со целосни реченици кога имал само 7 месеци. Неколку месеци пред да наполни 2 години веќе знаел да дели, а до роденденот научил и да множи. Исто така, на оваа возраст веќе читал книги за деца и напишал книга од 9 страници со наслов „Среќна мачка“ (Happy Cat).
Кога имал 4 години учел алгебра, знаковен јазик и како да чита грчки. Кога наполнил 5 години прочитал учебник од 209 страници за геометрија, и тоа во само една вечер. Следното утро веќе решавал и задачи.
Сега Вилијам сака да докаже дека некои од најголемите имиња во науката грешеле. Тој има негови идеи за да го докаже постоењето на универзумот. Не се согласува со некои од теориите на Ајнштајн и Хокинг за црните дупки. Вилијам сака да докаже дека надворешната сила е единствното нешто што може да го создаде универзумот, што значи дека Бог постои.
Иако момчето верува во Бог и татко му е свештеник, неговите родители тврдат дека никогаш не го терале да се насочи кон докажувањето на постоењето на Бог. Самиот го одбрал тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.