Лабрадорот Адам од САД има необична алергија – ова куче е алергично на луѓе.
Ветеринарите забележале дека има рани на кожата, а според анализите ова преслатко куче има алергија на луѓе.
Една од жените коишто го чуваат на почетокот мислела дека станува збор за некаква шега, но подоцна го видела извештајот на ветеринарот и се уверила дека ова е вистина.
Ветеринарите се надеваат дека Адам ќе се опорави од оваа необична и чудна алергија бидејќи му ја даваат истата терапија која лекарите ја применуваат кога некое дете е алергично на кучиња.