Ова е година на Стаорецот, според КИНЕСКИОТ ХОРОСКОП. Знаеле ли кое животно сте според годината на раѓање?

Според кинескиот хороскоп 2020-та година е година на владеење на Стаорецот. Годината
ќе биде исполнета со нови можности, свежи поцетоци, љубов и пари.
Стаорецот е првиот знак на циклусот на 12-те животни на кинескиот зодијак, и од оваа
причина овој период се смета за година на нов почеток и обновување.
Годината на стаорецот ќе биде силна, просперитетна и среќна за сите хороскопски знаци.
Секој ќе покаже решеност во своите цели и аспирации ќе има успех.

Години на стаорец се : 1912,1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 и 2032
год.

Годината на стаорецот ќе ни донесе креативна енергија, енергија која може да се
манифестира преку оставерување на многу работи што ги посакуваме во животот. Ќе
верувате дека сè е можно, дека сте создавач на сопствениот живот и дека имате моќ да
бидете она што сакате да бидете.

Кариера и среќа
Годината на стаорецот 2020 е под знакот на металниот астрален елемент, за разлика од
Годината на свињата, која е под Земјинскиот елемент. Ова значи дека во 2020 година, сите
активности иницирани во новата година ќе бидат водени од успех.
Вие мора да ги следите вашите цели со доверба и решеност. Треба да бидете немилосрдни
за да ги постигнете своите цели и никогаш да не дозволите да бидете обесхрабрени од
можен неуспех, проблеми или тешкотии, мора да се потпрете на сопствената сила и сами
да ги решите проблемите.

Љубов
По 2019 година, година исполнета со непредвидливи ситуации во љубовните афери, 2020
година ќе биде помирна. Така, вашиот љубовен живот влегува во хармоничен пат, а
комуникацијата ќе биде главната движечка сила за вашите добри интимни односи.
Од друга страна, вториот дел од 2020 година доаѓа со многу недоверба што може да ве
освои – каде со причина, каде заради проблеми што постојат само во вашата глава. Затоа,
во овој период не треба да брзате до заклучоци со цел да ја продолжите хармонијата од
почетокот на годината.

Здравје
Во годината на стаорецот, освен во моментите кога ќе се манифестира исцрпеноста, сите
хороскопски знаци ќе уживаат во добро здравје. Покрај тоа, вториот дел од 2020 година
доаѓа со многу енергија, така што вашата ментална и физичка состојба ќе се подобри.
Во 2020 година, вежбањето спорт ќе биде најдобриот лек и треба да се препише на секој
од нас за подобрување на здравјето, долговечноста и целокупната благосостојба.
Среќни и бериќетни денови и симболи во текот на целата година на Стаорецот:
Броеви: 5, 7, 9
Бои: бела, жолта, сина, зелена, сива и црна
Среќни денови: 4, 8, 13, 22-ри ден од секој месец во кинескиот календар.

***

ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ЗА ХОРОСКОП,
ИНТЕРЕСНИ ТЕКСТОВИ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.