Жена по потекло од Смедерево, која повремено работи во странство и мајка е на 7 деца, го остави бебето старо само неколку дена во такси со кое се возела од Трсетин во Врњачка Бња.
Бебето кое во моментов е на одделението за неонатологија во породилиштетот во Краљево е во добра состојба. На нејзиното креветче има парче хартија со тажна порака. Имено на местото каде трерба да се запише крвната група на мајката, кај ова девојче пишува „бебе од Врњачка Бања, оставено“, додека кај делот за име и презиме на мајката пишува „НН бебе 4“.
-Жената влезе во моето такси со две деца и корпа во близина на втобуска станица во Трстеник и бараше да ја одвезам во Врњачка Бња. Не сфатив веднаш дека во корпата има всушност бебе. Кога минавме неколку километри, се слушна звук налик плач. Едно дете ја праша мајката што е тоа, а таа одговори дека е мачка – рекол Милош.
Тој вели дека тоа веднаш му било сомнително и се обидел преку ретровизорот да погледне што има во корпата, но не можел.
Кога излегле на станицата бебето почнало да плаче, а мајката му рекла дека мора да најде некоја жена, но не може да го носи бебето со себе и мора да го остави во таксито, но дека ќе се врати по него. Но таксистот се исплашил дека мајката ќе го остави бебето и така и се случило.Милош бебето веднаш го однел во болница.