Патниците на booking.com го изгласале градот Кирквол во Шкотска за најгостопримлив град во Велика Британија во 2023 година. Кирквол ја добил оваа престижна титула благодарение на извонредното гостопримство на неговите жители.
Ова е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!
Станува збор за најголемиот град на архипелагот Оркнеј во Шкотска, кој има околу 70 острови, а во градот живеат околу 9.000 жители.
Жителите на Кирквол се навикнати на туристи. Во летните месеци овде застануваат многубројни крстосувачи за да можат патниците да ја истражуваат неговата богата историја. Кирквол, имено, бил дел од норвешкото кралство и бил основан од Викинзите пред илјада години. Во 15 век се нашол под шкотска власт, така што градот денес е спој од скандинавската и шкотската култура.
Преку истражување на локалните археолошки локалитети ќе научите многу интересни факти за Викинзите, но и ќе уживате во природните убавини и прекрасните плажи. Иако некогаш тука имало зандани во кои се чувале жени за кои се сомневале дека се вештерки, денес градот е безбедно место за живеење и има многу ниска стапка на криминал.
Во едно интервју за DailyMail, локален таксист изјавил дека ги оставил паричникот, телефонот и клучевите од автомобилот на совозачкото седиште во неговото незаклучено возило дури четири дена – и никој не го ограбил.
Луѓето од Кирквол не размислуваат како да повредат некого, туку како да му помогнат. Истиот човек го изгубил паричникот во кој имало 850 фунти во готовина на аеродром на островот. Кога сфатил дека го нема паричникот, се помирил со фактот дека парите се изгубени.
Но, сепак се вратил на аеродромот, надевајќи се дека некој му го нашол паричникот и му ги оставил личните документи. На шалтерот го чекало изненадување – не само што бил пронајден паричникот туку и сите пари биле во него.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.