На секоја жена и годи кога ќе чуе комплимент за нејзините нови фармерки, фустан или чевли. А кој не сака да чуе по некој убав збор на своја сметка? Но, во морето комплименти, жените сепак претпочитаат да добиваат еден комплимент пред сите други.
Жените попрво би сакале да слушнат дека изгледаат младолико отколку дека ослабеле или дека фармерките совршено им стојат.
Едно британско истражување покажало дека дури 60% од испитаните жени сакаат да чујат дека изгледаат младо и дека тој комплимент им дава највеќе полет и скок во нивната самодоверба.
Истражувањето покажало дека 41% од анкетираните жени навистина сакаат да бидат млади, додека пак 62% активно работат на тоа да го забават процесот на стареење користејќи разни природни и козметички препарати.
Истото истражување покажало дека жените кои имаат 39 години чувствуваат најголем стрес поради стареењето, затоа што се плашат од својот 40 роденден. Наспроти тоа, највеќе самодоверба во својот изглед имаат жените кои веќе имаат наполнето 55 години.