Пејачката Деми Ловато одлучила повеќе да не го крие своето тело позади “алатките“ на фотошоп. Деми Ловато (27) секогаш била отворена за нејзината борба да изгледа добро и сега покажува дека не се срами од своите облини, но и несовршеностите кои ги има.
Таа споделила целосно необработена фотографија на својот Инстаграм профил и покажала како нејзиното тело изгледа.
„Ова е мојот најголем страв. Мојата фотографија во бикини не е воопшто фотошопирана. И погодете, тоа е целулит“ – напишала таа.
Таа долго време се срамела од своето тело и се криела позади фотошопот, но тоа за неа не е вистинска убавина веќе подолго време. Открила дека сака да започне ново поглавје во нејзиниот живот и да се фокусира на тоа да си биде автентична.
Таа признава дека нејзината фотографија во бикини порано пред да ја објави ќе ја фотошопирала. Таа сака да биде инспирација на жените за да го прифатат своето тело такво какво што им е. Нејзината фотографија има речиси 6 милиони лајкови досега.