Ова е моќниот еликсир на младоста

Овој моќен рецепт за фрапе е одличен оброк. За неговата припрема потребно е една минута, а една чаша од ова моќно фрапе ќе ги побие сфаќањата на оние коишто тврдат дека за хранив оброк е потребно преполна чинија.
Доколку подготвите фрапе со полномасно млеко или сладолед, можете да го послужите како освежувачки десерт, а доколку ги изблендирате соодветните состојки ќе добиете хранлив оброк. Ваков оброк е препорачлив да се консумира еднаш дневно, наутро или навечер.


Потеребни состојки:
• 1 чаша суви сливи
• ¾ од една чаша со замрзнати боровници
• 2 лажици мелен лен
• Содржината од една капсула рибино масло
• 2 лажици сурутка
• 1 лажица квасец во прав


Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер, а потоа додадете коцки лед. Нивната количина зависи од тоа колку густ шејк сакате да добиете.
Доколку сакате можете да додадете и малку мед. Изблендирајте ги состојките и ставете ги во чаша, а потоа уживајте во овој напиток на младоста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.