Затворската колонија каде што рускиот опозициски лидер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, ја издржуваше казната, ѝ кажа на мајка му дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, рече членот на тимот на Навални, Иван Жданов.
Жданов на мрежата Х објави дека семејството на Навални чека да го побара телото.
Тимот на Навални тврди дека тој е убиен и ги обвинува руските власти дека го чуваат неговото тело за да ги „покријат трагите“.
- Google Photos добива едноставна алатка за уредување фотографииЗа оние кои сакаат да ги разубават своите фотографии пред да ги- прочитај повеќе
- Дали Џенифер Лопез најде ново момче? Пејачката не се одвојува од згодниот телохранител, а еве како изгледа (ФОТО)Папараците ја снимија Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а- прочитај повеќе
- Најбизарниот експеримент со луѓе што некогаш постоел: 101 ден биле на сплав за блуд, еве како живееле и што се случило (фото)Во 1973 година се случи еден од најбизарните општествени експерименти во историјата, познат како- прочитај повеќе
- WhatsApp ја прекинува поддршката за постарите уреди со Android на 1 јануариКомпанијата Мета одлучи да ја прекине поддршката за апликацијата WhatsApp на старите- прочитај повеќе
- Еве како изгледа животот во најстудениот град на светот! Погледнете го видеото кое освои над 21 милион луѓе: Александар наутро топи мраз за децата да имаат вода… (ВИДЕО)Можете ли да замислите да го започнете денот со тпење мраз, така- прочитај повеќе
Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!
Информацијата за смртта на Навални во петокот ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.
- На 16 февруари во воспитно-поправна колонија број 3, осудениот Наваљни А.А. се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.
Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.
- Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдуваат – се додава во соопштението.
Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија бр. 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.
Еден од лидерите на руската позиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.