Сингапур е единствен, модерен и престижен град, полн со убавина и интересни работи. Со своите 700 километри квадратни површина и околу 5 милиони жители тој претставува еден од најмалите градови-држави во Азија, а истовременои еден од најмладите.
Сингапур 110 години бил британкса колонија. Дури во 1959-та година станал држава со сопствена влада, а во 1965-та година станал независна република. За кратко време сингапур станал првиот економски и финансиски гигант.
Сингапур претставува финансиски центар со тропска клима и мултикултурни жители. Таму живеат 74 отсто Кинези, 13 отсто Малезијци, 9 отсто Индуси и 3 отсто Евроазијци.
За Сингапур велат дека е најчистиот град на светот дури и стерилно чист. Влажноста на воздухот е околу 90 отсто, а небото некогаш го прекрива чад од загадениот воздух кој пристигнува од Индонеззија за време на шумските пожари.
“Лавји град“
Најпозната знаменитост и најголема туристичка атракциј на Сингапур е Мерлион – митско суштество со глава од лав и тело на риба кое се користи како маскота и национална персонификација за Сингапур.
Паркот Мерлион се наоѓа во близина на хотелот “One Fullerton“.
Сингапур е најбезбедниот град на светот
Казните во Сингапур се многу застапени во сите сфери. Забрането е пушење, забрането користење на гуми за џвакање на јавни места и казните за непуштање вода во тоалет по извршена физиолошка потреба се многу големи. Било какво соблекување во јавност, уринирање, карање, навредување, се строго казнувани. Доколку некој го фатите за задник поради тоа ќе бидете уапсени.
Во Сингапур е луксуз да имате автомобил
Цената на автомобилите е трипати поскапа во однос на цените во САД. Возачката дозвола трае 10 години и за неа треба да издвоите 40.000 долари, а доколку не го чистите автомобилот често тогаш може да ви го одземат. Поради тоа граѓаните во Сингапур се возат со градскиот сообраќај кој што е совршено среден.
Климатизираните дабл дакери на струја ги превезуваат граѓаните низ градот. исто така во градот има 20.000 таксисти.
Сингапур е микс од источната и западната модерна архитектура.