Има денови кога сакате ручекот да биде готов што е можно побрзо и во него да не вложувате премногу труд.
Рецептот кој ви го претставуваме во продолжение е идеален за тие денови бидејќи освен што е едноставен, тој брзо се подготвува и членовите на семејството со сигурност ќе го обожуваат.
Потребни состојки:
– 2,5 кг. компири
– 2 дл. млеко
– 3 дл. кисела павлака
– 2 главици кромид
– 50 гр. тврдо сирење
– ловоров лист
– 1 чешне лук
– путер
– сол, бибер
Начин на подготовка:
1. Во еден сад за готвење ставете го млекото и додајте лук и ловоров лист. Варете 2-3 минути, а потоа извадете ги лукот и ловоровиот лист и оставете млекото да се излади.
2. Во изладеното млеко додајте ја киселата павлака и малку посолете.
3. Исечкајте го кромидот на тенки кругови и динстајте го неколку минути на путер.
4. Премачкајте еден подлабок сад за печење со малку путер. На дното наредете кругови компири, потоа додајте го динстаниот кромид, а потоа повторно наредете компири и зачинете со сол и бибер. На крај додајте го млекото и павлаката.
5. Садот прекријте го со алуминиумска фолија и ставете го во загреана рерна на 180 Целзиусови степени, 45 минути.
6. По печењето, изрендајте малку сирење одозгора, па вратете ја мусаката во рерна уште неколку минути да се допече.