Повеќето луѓе лебот го оставаат на работната маса во кујната, во кутија за леб или во некоја фиока од кујнските елементи, обвиен во најлонска или книжна кеса. Но, тоа е погрешно, бидејќи така лебот побрзо ќе фати мувла и почнува да збајатува после само неколку часа.
Ова е најдобриот начин да го чувате лебот, а најлошиот е во најлонска кеса
Кесата полека, но сигурно ќе го исуши лебот, а собната температура е идеална за создавање на мувла. Плус, ако лебот го оставате на места во кујната каде што може да дојде во контакт со вода, уште побрзо ќе мувлоса.
Најдоброто решение, кое можеби ќе ви звучи чудно, е да го чувате лебот во замрзнувач. На овој начин секогаш ќе имате свеж леб, кој можете да го одмрзнете на два начина:
Ако ви треба веднаш, штом ќе го извадите од замрзнувачот замотајте го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна.
Доколку сакате да имате свеж леб наредниот ден, извадете еден замрзнат од фрижидерот од вечер и ставете го на кујнска крпа постепено да се отпушта во текот на ноќта. До утрото ќе се пушти и ќе има вкус како да само што сте го купиле од пекара.