Ова е “најопасното” место во авионот

И покрај истражувањата кои докажуваат дека еден од најбезбедните начини за патување е лет со авион, нема место во авионот кое е “безбедно”. Барем кога станува збор за бактериите.
Здравиот разум вели дека јавните тоалети, па така и оние во авионите, се легло за бактерии. Веројатно свесно или внимателно ги бришете рацете со влажни марамчиња после користењето на овие тоалети.


Но, верувале или не, најголемата опасност доаѓа од оние мали отвори за вентилација. Неодамна спроведеното истражување во текот на кое на пет аеродроми биле тестирани по четири авиони, покажало дека на тие места живеат повеќе бактерии по центиметар квадратен отколку на кваката од вратата на тоалетот, пренесува “Huffington Post”.
Грозно, зарем не? За жал, немате многу избор. Или ќе трпите климата да дува директно во вас во текот на летот, или ќе допрете голема количина на бактерии…Но, тоа го можете да го направите со влажни марамчиња. И секако, добро измијте ги рацете после тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.