Вилата „Les Cèdres“ на француската ривиера е една од најскапите куќи на светот. За цената на оваа 190 години стара вила можете да купите 10.000 килограми злато, 100 најскапи јахти во светот и 50 најскапи автомобили на светот.
Оваа импозантна куќа на е ставена на продажба уште од 2017 година, а во 2019 Ринат Ахметов, милијардер од Украина, ја купил за 220 милиони евра. Во меѓувреме вредноста и пораснала.
Вилата „Les Cèdres“ била изградена за кралот на Белгија уште во дамнешната 1830 година. Нејзината светло-жолтеникава боја како песок, зборува за династијата – бидејќи ваквите нијанси се користеле за вилите на кралското семејство од Сардинија кое владеело во тоа време.
Дваесет години откако била изградена, градоначалникот „Villefranche – sur – Mera“ ја купил куќата и на тоа место сакал да има фарма за маслинки. И денес, на имотот на вилата има маслинови дрва постари и од 300 години.
Има 14 спални соби
Во 1904 година најскапата куќа на светот добила нов сопственик, кога потомците на градоначалникот ја продале на белгискиот крал Леополд Втори. Тој ги прошири градините околу домот. Имотот го купило семејството „Marnier-Lapostolle“ во 1924 година и го користеа најдолго, цели 90 години, одгледувајќи секакви егзотични растенија.
Куќата е неверојатни 1.700 квадратни метри и има 14 спални соби, базен со олимписка големина, библиотека со дрвена облога која содржи 3.000 книги за флората и натурализмот (вклучувајќи го и изданието на ботаничкиот кодекс од 1640 година), вештачко езерце со амазонски кринови, бронзена статуа на Атина, сала за бал осветлена со лустери, големи дневни соби, портрети од 19 век во раскошни рамки и неверојатни дрвени изработки.
Само дрвјата вредат цело богатство. Освен многубројните луксузи, самата локација на вилата „Les Cèdres“ покрај брегот на „Saint-Jean-Cap-Ferrata“ доволно зборува за нејзината величественост. Нејзините највисоки точки нудат поглед на „Villefranche-sur-Mer“, мост со вијадукт, во близина на средновековниот град „Eze Village“, и далеку на исток, прекрасните Алпи кои ги делат Франција и Италија