Иако самата помисла на одмор во јужна Италија повеќето ги асоцира на лето и летните месеци, јужна Италија секако има што да понуди и во зимскиот, божиќен период.
А доказ за тоа е ова шармантно место со уште пошармантно име – Локоротондо, кое во последните години привлекува сè повеќе туристи токму во декември.
View this post on Instagram
Локоротондо е мало гратче кое го пронашло своето место во Апулија, во самата петица на италијанската „чизма“. Иако Локоротондо не може да го сокрие својот шарм во ниту еден период од годината, ова живописно место е вистинска локација за оние кои го обожуваат периодот на божиќните и новогодишните празници.
Локоротондо е едно од типичните атмосферски стари гратчиња во Апулија со блескави бели фасади, поради кои во декември станува магична божиќна дестинација која речиси никого не остава рамнодушен.
View this post on Instagram
Имено, внимателно избраната декорација во градот создава неверојатен контраст помеѓу црвените, божиќни тонови и белите ѕидови, а благодарение на мноштвото светилки и традиционални украси, ќе имате чувство како да сте во некоја бајка.
Затоа, ако сте едни од оние кои сè уште бараат идеална локација за божиќно патување, Локоротондо е место со кое едноставно не можете да погрешите, со што се сложуваат и бројни светски портали за патување.