ОВА Е НАЈУБАВАТА ДЕФИНИЦИЈА ЗА СРЕЌАТА

Што претставува среќата? Дали среќата е чувство? Дали среќа е кога сме опркужени со нашите најблиски, кога ја работиме работата од нашите соништа или пак кога патуваме?

Многу луѓе даваат различна дефиниција за среќата. Будистот Thich Nhat Hanh дава прекрасна дефиниција за среќата.

„Многу луѓе мислат дека возбудата е среќа… Но, кога сте возбудени вие не сте смирени. Вистинската среќа се базира на мирот.“

Тој советува дека пронаоѓањето на внатрешниот мир е преку прифаќањето. Прифаќањето на себеси, на тоа што сте и прифаќањето на другите такви какви што се.

Според него, луѓето треба да престанат да се грижат за мислењето на другите. Тие не треба да се менуваат за да бидат прифатени од други луѓе. Едноставно што на луѓето им е потребно е одобрување од себеси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.