И покрај се поголемите проблеми, Фејсбук и натаму е недопирлив на врвот на листата од социјални мрежи со најголем број корисници во светот.
Бројот на корисници кои ги има Инстаграм, постојано расте, додека популарноста на Снепчет е во пад.
Влијанието на Твитер, пак, се чини е поголемо до бројот на неговите корисници.
Иако се создава слика дека ваквиот рејтинг меѓу друштвените мрежи нема наскоро да се промени, во последно време се попопуларна станува друштвената мрежа, односно апликацијата за објавување на видео записи ТикТок.
Од нејзиното објавување пред две години е преземена над 800 милиони пати, но во овој број не се пресметани корисниците на уредите со Андроид оперативен систем во Кина.
Меѓу нив се и бројни познати личности, брендови кои сакаат да го искористат потенцијалот на оваа мрежа. Се поголемиот бројот на корисници на таа мрежа доведува до зголемување на приходите, кои во последната година се повеќе од двојно зголемени.
ТикТок на корисниците им овозможува да објавуваат кратки видео снимки кои може да се уредуваат, забрзуваат или забавуваат, а постои можност и за додавање на разни филтери. Другите корисници може да коментираат и да ја лајкуваат објавата од своите контакти, како и да ги пренесуваат на други платформи.
Популарноста на ТикТок, почна нагло да расте и во САД и другите држави ширум светот, па така една компанија која се занимава со аналитика на мобилни апликации изнела проценка дека ТикТок би можела да биде првата азиска друштвена мрежа која ќе постигне долгорочен успех во Америка.
Колку ТикТок станува популарен говори и фактот дека апликацијата ја копираше, ни повеќе ни помалку, Фејсбук.