Ова е новата прва дама на Украина која се плаши од идната нејзина функција само поради една работа

„Ме плаши неизвесноста, која ја носи претседателската титула на сопругот, но и мојата, на прва дама на Украина“, изјавила сопругата на победникот на претседателските избори во Украина Володимир Зеленски, Јелена Зеленска, за британски медиум.
„Би сакала да можам да стојам настрана од светлата на камерите“, изјавила во интервјуто новата прва дама на Украина.
На прашањето што сака најмногу да работи таа, Зеленска одговорила дека ужива во пишувањето на сценарија за студиото на нејзиниот сопруг.
Во истото интервју сопругата на Зеленски изјавила дека би сакала многу повеќе да се сретне со сопругата на бившиот претседател на САД Барак Обама, Мишел, отколку со сегашната прва дама Меланија Трамп.


Всушност и нема многу податоци за Јелена, таа останува во сенка на познатиот сопруг актер, многу ретко исто така, таа зборува јавно.
Володимир и Јелена своите ученички денови ги поминале заедно, односно во исто училиште, но љубовта кај нив се родила подоцна во факултетските денови.
Првата реакција за најавената кандидатура на нејзиниот сопруг за претседател на Украина таа не го прифаќа. Но, сепак се помирила со тоа, согледувајќи дека нејзините критики, стресови и нервози само ја влошуваат состојбата.


Јелена е родена на 16 Февруари 1978 година. Завршила градежен факултет во Криворог Украина. Стапува во брак со Володимир Зеленски во 2003 година. Плод на нивниот брак се две деца. Таа е автор и сценарист на студиото „Квартал 95“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.