Ова е официјалната причина поради која Јелена Карлеуша го напушти шоуто ,,Ѕвездите на Гранд!” – Суровата вистина излезе на површина, ќе се изненадите

Поп дивата Јелена Карлеуша беше најсуровата членка на жирито на Ѕвездите на Гранд, а позната како личност која нема влакна на јазикот.

Во улогата на жирито беше шест години, а потоа го напушти шоуто пред три години.

Таа тогаш реши да го раскине договорот, а многу се шпекулираше зошто.Карлеуша сега ја откри и официјалната причина за својата одлука која го потресе Балканот.

По долгогодишен молк, Карлеуша ја откри причината:– Кога се приклучив на жирито, форматот го достигна својот врв. Моето заминување беше поради купувањето на Гранд од Јунајтед Медиа, која не сакаше по пет години неплаќање – да ја плати токму симболичната такса што ја барав – напишала Јелена на сторијата.

Јелена со оваа објава конечно им попречи на разни шпекулации, а по три години откри зошто решила целосно да се повлече од музичкиот формат.

Да потсетиме, Саша Поповиќ неодамна го коментираше заминувањето на Карлеуша од емисијата гостувајќи во емисија на К1.

– Навистина ја почитувам Јелена Карлеуша, нема ништо лошо во тоа. Шест години беше во Ѕвездите на Гранд. Колку што ни значеше таа нас, толку и’ значеше шоуто. Ако ви кажам дека таа го покачи својот хонорар за 300% од 2015 до 2020 година.

Денеска не можете да ја добиете Јелена Карлеуша без 12.000, 13.000 или 20.000 евра – изјави во таа прилика Поповиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.