Ова е планот на Таравари со кој треба да се реши хаосот со паркирање на Клинички

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето.

-Монтажни катни гаражи и повеќе организирани паркинг места коишто ќе бидат со приватен партнер. Тие ќе ги наплаќаат билетите, нормално саатница како и секаде, а пациентите и докторите кои што работат таму ќе имаат паркинг места отколку што има сега – рече Таравари на Сител.

По денешната посета на Клиниката за онкологија, тој рече дека се разговарало барем дел од пациентите терапијата да ја примаат во „8 Септември“, во Тетово и во Битола.

– Да видиме некако да не доаѓаат преголем број на пациенти во Скопје бидејќи и таму капацитетите на онкологија се ограничени. И добив информација која што е страшна. Ќе треба да седнам со министерката за финансии пред првиот ребаланс на Буџет. Ни недостасуваат огромен број на сестри, зборам за онкологија, техничари радиолози, физичари и доктори, да видиме во понеделник ќе седнам и со деканот на Медицински факултет да нправиме некаква стратегија за специјализации – рече Таравари.

Министерот најави дека ќе биде покрената иницијатива за одговорност за тоа зошто набавените акцелератори во „8 Септември“ во Скопје и во штипската болница не се користат.

Пронајдете не на следниве мрежи: