Ова е причината која ја усмрти Дивна

Српските медиуми ја открија причината за смртта на познатата радио водителка Дивна Карлеуша.
Нејзината ќерка Јелена последен пат со својата мајка се видела во петокот вечерта само триесетина часа пред нејзината смрт.
Имено тие се виделе во еден ресторан каде заедно вечерале, а Дивна и признала на ќерка си дека плука крв, вели извор близок до пејачката.


-Иако во јануари Дивна посетила болница во Истанбул каде и се направени сите потребни прегледи и во нејзиниот организам немало остатоци од метастазираниот рак, сепак за време на терапијата нејзините дробови почнале да крварат. Јелена истото го забележа и за време на вечерата и и рече веднаш да оди на лекар, а пејачката беше спречена да оди со неа, бидејќи имаше настап. Веќе во неделата утрото таа почина, вели изворот за српски „Скандал“.
Тој додава дека Јелена никако не може да ја прежали својата мајка, но ќе мора да се врати на обврските поради семејството и децата. Таа на 27 март најверојатно ќе ја сними првата емисија „Ѕвездите на гранд“ која ќе биде емитувана за три недели од денот на снимањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.