Ракометната репрезентација на Македонија буквално во „пет до дванаесет“ доби повик да учествува на СП во Египет, откако Чешката Ракометна Федерација вечерва објави дека оваа селекција поради голем број на позитивни случаи на коронавирус нема да може да настапи на претстојниот мундијал.
Ова практично значи дека „црвено-жолтите“ ќе го заземат место на лутиот ривал од последните десетина години, па ќе бидат дел од групата Г заедно со домаќинот Египет и со селекциите на Шведска и на Чиле.
Македонија првиот меч на СП 2021 ќе го игра против Шведска на 14 јануари, два дена подоцна е дуелот со Египет, а за 18 јануари е закажана пресметката со Чиле, ривал што двапати го совладавме месецов на пријателски натпревари во Скопје