ОВА Е САМО ПОЧЕТОКОТ НА ЗИМАТА: Уште овој месец ќе започне снежната бајка, а таа ќе трае цела зима!

„ Како што стоеше во нашата сезонска анализа за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот, тоа, и тоа како ќе се оствари. Веќе во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.

Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места (градовите). Не се исклучува можноста првите снегулки за оваа сезона да го посетат и главниот град на Босна, Сараево.

На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).

Во Македонија очекуваме претежно врнежи од дожд, а снег ќе има само на високите планини (околу и над 2000 метри надморска височина), но повремено снежната граница ќе се спушта и под 2000 метри. Станува збор за среда.

Ново големо заладување и многу повеќе врнежи ќе има околу 25 ноември, па натаму во деновите потоа, како и во декември. Тогаш очекуваме многу снег на Балканот и во Македонија, како и вистинска снежна бајка.

Во деновите кои се пред нас температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од сега, но тоа нема долго да се задржи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.