Иако е една од најпознатите ѕвезди на Балканот Лепа Брена никогаш не го експонирала во јавноста нејзиното потесно семејство.
Сепак пејачката во повеќе наврати низ годините зборуваше за нејзиното семејство за да ја запознае публиката со нејзиното минато и детство.
Имено Лепа Брена родена како Фахрета Јахиќ дошла на свет како трето дете по нејзиниот брат Фарук и сестра Факете.
Факета денес има две ќерки, а таа и нејзиниот сопруг Зоран веќе две децении живеат во Канада поради што не се гледаат често со сестрата колку што тие сакаат.
Она што е најинтересно е тоа што иако и братот и сестрата на пејачката се надарени за музика ниту еден не тргнал по нејзините стапки и не се фатил за микрофонот.