Синот на српската пејачка Вики Миљковиќ речиси никој не го знае во јавноста, а тој уште од мали години донел одлука да не биде медиумски активен, а неговата мајка тоа го почитува до ден денес.
Тој денеска е пораснат во вистинско момче и се одлучил да си ја проба среќата во спорот.
Имено тој се занимава со тенис и добро му оди.
View this post on Instagram
-Андреј е опседнат со спортот, се занимава со тенис, а неодамна почна и да тренира. Физички е активен цело време и тоа му е сега за сега во прв план, вели гордата мајка за српските медиуми.
Тој инаку досега има освоено неколку медали со што неговите родители особено се горди.
View this post on Instagram
-Школувањето на Андреј не смее да пати поради моите работни ангажмани, секое утро станувам во седум часот за да му помогнам да се спреми за училиште. Кога ќе го испратам потоа или легнувам да спијам или ги завршувам работните обврски, вели Миљковиќ.