Покрај успешната кариера, познатата пејачка Зорица Брунцлик има и многу интригантен живот.Таа е неколку пати мажена и има четири деца – Марија, Ѓорѓе, Злата и Миљана. Ја добила својата ќерка Марија веќе на 18 години, во вонбрачна заедница.Нејзиниот прв сопруг беше хармоникашот Зоран Тутиќ, кој беше шеф на оркестарот со кој настапуваше во тој период. Во бракот со Зоран Зорица го добила синот Ѓорѓе Тутиќ, кој сега е оженет и има две деца.Овој брак брзо заврши, па Брунцлик среќата ја побара во друг хармоникаш, Љуба Кешељ, на кого ја роди ќерката Миљана. Тој, наводно, никогаш не сакал да ја признае, и ретко ја гледа или слуша.„Кога се омажив по вторпат, ја родив ќерката Миљана, чиј татко изгледа престана да ги сака и своето дете и мене во исто време. Миљана немаше среќа со нејзиниот татко, кој престана да нè гледа кога таа беше има само шест години“, рече Зорица своевремено.Брунцлик денес е во брак со хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, со кој ја има ќерката Злата Аранѓеловиќ. Таа е модна блогерка и стилистка на мајка и’.
Пронајдете не на следниве мрежи: