24 лица се во притвор, 30-тина се осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани кој однесе 59 млади животи. Меѓу притворените се поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешна државна секретарка во Министерството за економија, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, обезбедувањето на дискотеката, сопствениците итн. Меѓу приведените и притворени се и тројца градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ, двајцата поранешни градоначалници и единствен функционер од актуелната власт кој е приведен е сега веќе поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка од функцијата неколку дена после пожарот. Исто така притворени се и седум полициски службеници, во одделна постапка, но за истата ситуација.
Поранешни, поранешни, поранешни…
Некако, намерно или ненамерно се избегнуваат актуелните функцонери. Денес министерот за економија Бесар Дурмиши практично, на прес-конференција, кажа кој се е виновен што дискотеката работела, а меѓу виновниците ги наброја и МВР и Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат… Сепак, ниту еден актуелен функционер не е дел од постапката, баред до овој момент нема таква информација, освен за Папазов.
Но граѓаните на социјалните мреѓи веќе споделуваат фотографии и прашуваат зошто функционерите на МВР не одговараат?
Меѓу нив се поставува и прашањето зоѓто не се повикани на распит и зошто немаат својство на осомничени и началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска и началникот на одделот за криминалистички работи во Кочани, Томо Донев. Двајцата ги извршувале овие функции подолго време. поточно 14 месеци до денот на несреќата и двајцата пропуштиле да реагираат и да ја затворат дискотеката.
Граѓанин на Кочани претходно во анкета за бугарската БТВ истакна дека дискотеката била пријавувана најмалку 10 пати во општината, како и во МВР. Никој не постапил…
На самиот ден на несреќата уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го праша министерот Тошковски дали одговорност ќе сносат и функционерите на МВР, меѓу кои Министерот, директорот на БЈБ, началници на СВР, ОВР, командири и слично. Тошковски одговори дека новинарите поставуваат манипулативни прашања.