Ова е тајниот трик на Цеца Ражнатовиќ: Вака пејачката ослабе 8,5 килограми

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од било кога.Цеца Ражнатовиќ неодамна откри како ја усовршила линијата.– Својата линија ја доведов до совршенство, но без никакви ригорозни диети, без оние кои се боцкаат, со оземпик, чуда, која сега е многу популарна и многу опасна, нездрава и директно влијае на тироидната жлезда и панкреасот. Не треба да се игра со тоа. Бидејќи тој лек всушност го користат дијабетичарите. Не е ни важно. Едноставно решив да не јадам ништо после седум и да пијам само вода. И во една прилика реков понекогаш пиво. И тогаш ме прашаа како пијам пиво кога ме дебелее. Велам, не ме дебелее, ме сака пивото, но тоа е навистина тоа.„Изгубив 8,5 килограми за еден месец“– И јас успеав да го направам тоа и ослабев 8,5 килограми за еден месец, без ниту една секунда да гладувам, јадев што сакав. Најкасно значи 8:30, 8 навечер нема веќе внесување храна и ми се покажа. Тоа е како автофагија. А потоа сабајле станувам во 8, 9 и пол, појадок, почнувам со метаболизмот и тоа е тоа. И физичка активност. Тренирам или ако не стигнам со тренинзите, брзо одам по лентата за трчање за да го поттикнам телото и метаболизмот. Ако без престан лежите, метаболизмот не може да ви се забрза.Ова е нејзиното мениА вака изгледа диетата со чија помош таа ја доведе линијата до совршенство. За појадок јаде овесна каша со овошје и чиа семки, за ручек на масата има риба со зелена салата, додека вечерата е уште полесна – потаж од тиква.

Пронајдете не на следниве мрежи: