„Ова е толку романтично“: На навивач му се допаднала девојка од трибините, а потоа…

Замислете да седите во толпата на трибините и го гледате вашиот омилен бејзбол тим, а потоа одеднаш ја гледате личноста од вашите соништа и знаете дека треба да ја запознаете.

Токму тоа неодамна му се случило на еден млад човек на натпревар на Chicago Cubs.
На трибините видел девојка која многу му се допаднала и сакал да дојде до неа. И – нашол начин. Неговиот телефон го проследил до неа преку толпата. Кога телефонот конечно стигнал до девојката, таа гласно се насмеала, го внела својот број и му го вратила мобилниот на младиот човек.

@allyinchi

A true Chicago love story.. passing his phone up the Bleachers at Wrigley after seeing her in the crowd ⚾️❤️ #taylorswift #taylorsversion #wrigleyfield #cubsbaseball #lovestory #chicago #baseball #dodgers #la #fyp

♬ Love Story (Taylor’s Version) – Taylor Swift

Видеото набрзо се прошири на социјалните мржи и стана хит.
„Колку е ова слатко. Еден ден ќе им каже на децата – вака ја запознав мајка ти“, „Веднаш ѝ го даде телефонот со отклучен екран. Е, тоа е љубов“, „Ова е толку романтично“, „Прекрасно. Многу ме интересира како ќе им помине првиот состанок“, „Стопати го гледав видеото и го гледам повторно. Прекрасно“, пишуваат луѓето во коментарите.

Се јави и девојката од снимката
Во коментарите се огласи и девојка од трибините на која младиот човек ѝ го испратил мобилниот телефон низ толпата.

„Здраво пријатели. Ова сум јас во видеото и можам да потврдам дека сум сингл“, напишала девојка по име Оливија Марино.
Некои подоцна напишале дека Оливија и младиот човек договориле прв состанок и дека едвај чекаат да ги дознаат деталите.

„Сите сте поканети на венчавка“, се пошегувала Оливија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.