Премиерот на Косово Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата поради повикот од Хашкиот суд кој го повика да се јави во Хаг поради сомневање за направено свирепо злосторство.
По оваа вест јавноста овие денови со нетрпение се интересира за приватноста на премиерот и неговиот живот.
По оставката која ја сподели на Фејсбук се огласи и неговата сопруга исто така на Фејсбук која е професионална новинарка која работи во Радио телевизијата на Косово.
Таа инаку е негова втора сопруга, а со Анита Харадинај се запознале додека бил активен во една организација.
Инаку претходно тој беше во вонбрачна врска со Џоана Карлос од Финска со кој има син со кого се запозна неодамна кога во Швајцарија работел како вратар во еден ноќен клуб.
Тој ја прекинал врската со неа во 2001 година кога започнал сериозно да се занимава со политиката.
Сегашната сопруга инаку на премиерот е активна на социјалните мрежи иако тој ја крие приватноста далеку од очите од јавноста.