Ова е убиениот македонски државјанин во Грција, пред 3 месеци беше убиен негов пријател во Скопје

Убиениот Орхан Бајрами познат како Оки, за кој се шпекулира дека е дел од скопското криминано подземје кој неколку пати досега била инволвирана во вооружени инциденти. Оки беше дел и од престрелката која се случи кај хотелот Александар Палас во Скопје.

Пред само еден месец, Оки беше поврзуван и со убиство во Косово на македонски државјанин, а пред три месеци пак беше убиен негов пријател во старата скопска чаршија.

Според првите информации, шокантниот инцидент се случил околу 3 часот и 30 минути кога двајца напаѓачи со качулки на главите пристигнале во резиденцијата што ја изнајмиле жртвите од Скопје во познато летувалиште Ханиотис и отвориле оган врз нив.

Според истите извори, двајцата сторители наводно биле на мотор. Случајот го истражува полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.