Водителот Жика Јакшиќ веќе подолго време ужива во врската со дваесет години помладата Тијана Мијаиловиќ. Таа била во брак со поранешниот играч на Црвена звезда, Никола Мијаиловиќ, со кој има син.
Devojka Žike Jakšića pic.twitter.com/gjArrYtosu— Malagaravaa (@vaskekopirinac) February 22, 2024
-Жика опасно се заљуби, а таа не е јавна личност и воопшто не сака да се појавува во таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг… Од пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно и да се случуваат „искри“. Жика беше тој што мораше малку повеќе да се потруди… Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да се оддалечи од девојка – изјавил извор за „Хелоу“ во една прилика.
Devojka Žike Jakšića pic.twitter.com/F2VPbhrPGh— Malagaravaa (@vaskekopirinac) February 22, 2024
Инаку, Тијана на Инстаграм се потпишува како „Мајката на змејот“, а дополнително во описот на профилот стои дека се занимава со екологија и менаџмент, како и дека е членка на УНЕСКО.Нејзиниот поранешен сопруг, фудбалерот Никола Мијаиловиќ, пред шест години е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело градење без одобрение за градба, поради изградба на аква парк на Ада Циганлија.
Devojka Žike Jakšića pic.twitter.com/RbcOd3cL0K— Malagaravaa (@vaskekopirinac) February 22, 2024
Потоа му бил одредена мерка притвор до 30 дена поради сомнение за дивоградба, а една година подоцна беше ослободен од сите обвиненија. Според наодот на Апелациониот суд, не е докажано дека Мијаиловиќ имал способност да биде сторител на кривичното дело градење без одобрение за градба, што му се товари.
Пронајдете не на следниве мрежи: