Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека САД ќе и’ достават на Украина дополнителна безбедносна помош во вредност од 2,5 милијарди долари.– Според мојата наредба, САД ќе продолжат неуморно да работат на зајакнување на позицијата на Украина во оваа војна, сè додека јас сум на функцијата – рече Бајден.Најавената помош вклучува 1,25 милијарди долари воена помош од американските залихи и пакет од 1,22 милијарди долари од Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ).Според УСАИ, нивниот дел од помошта се состои од набавки од одбранбената индустрија или партнери, а не од американски резерви, што значи дека тие би можеле да бидат на бојното поле за месеци или дури години.Бајден, исто така, најави дека овој пакет помош ќе и’ обезбеди на Украина „непосреден прилив на способности кои можат ефикасно да се користат на бојното поле, како и во долгорочните резерви на артилерија за противвоздушна одбрана и други критични системи“.
Пронајдете не на следниве мрежи: