Ова не го очекувавме од неа: Цел свет и’ се смее на Меланија Трамп поради оваа модна комбинација

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја завршила својата посета на африканските земји со патувањето во Египет
Првата дама на САД, Меланија Трамп, се фотографирала пред Сфингата и пирамидите во Египет во модерна верзија на сафари-одело и предизвикала бурни реакции на Интернет.
Меланија Трамп е позната по своите стајлинзи, но се чини дека потфрлила со нејзиното модно издание во Египет. Интернетот многу бурно реагирал на нејзиниот моден избор.


Сопругата на Доналд Трамп во Гиза се фотографирала пред Сфингата во беж сако, бела кошула, црна вратоврска, кремави панталони и шешир во соодветна боја. Изгледа ова е нејзиниот најголем моден гаф по зелената јакна на која пишувале „Мене ми гајле. А вас?“ која ја облекла за посетата на границата со Мексико.


Други популарни споредби се оние на Меланија со Ханибал Лектор и Рене Белок од првиот „Индијана Џонс“.

Пронајдете не на следниве мрежи: