ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ, КИНА ПРИСВОИ ДЕЛ ОД РУСИЈА! Пекинг објави нова државна карта на која Путин нема да смее да протестира (ФОТО)

„Њузвик“ пишува дека кинеските медиуми оваа недела објавија нова карта на Кина, направена од државната служба задолжена за мапирање, на која во земјата е додаден дел од руската територија.

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ, КИНА ПРИСВОИ ДЕЛ ОД РУСИЈА! Пекинг објави нова државна карта на која Путин нема да смее да протестира (ФОТО)

Американскиот неделник објави дека мапата, за која се вели дека е одобрена од властите во Пекинг и објавена од кинеското Министерство за природни ресурси, дојде откако западните набљудувачи почнаа да шпекулираат за заладените односи меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Кси Џинпинг во врска со неутралната позиција на Кина во врска со војната во Украина.

Марк Кац, професор на Универзитетот Џорџ Мејсон, изјави за Њузвук дека новата мапа веројатно нема да им помогне на руско-кинеските односи.

– Кремљ повеќе од дефинитивно внимателно ги следи кинеските мапи, особено официјалните, на кои се тврди дека руската територија всушност и припаѓа на Кина – рече Кац.

Тој оцени дека, сепак, иако Путин е вознемирен поради тоа, „тој не е во позиција гласно да протестира поради тоа бидејќи Москва стана толку зависна од економските односи со Кина, што е резултат на западните санкции“.

Newsweek објави дека новата географска карта од 2023 година го прикажува островот Бољшој Усуријски на реката Амур како дел од Кина.

„Њузвик“ ги пренесува изјавите на рускиот деловен медиум РБЦ дека територијалниот спор меѓу Русија и Кина за островот започнал во 60-тите години на минатиот век, а двете земји постигнале договор за поделба на островот во 2008 година.

Иако, според тој договор, само западниот дел од островот и припаѓал на Кина, новата државна карта го прикажува целиот како дел од кинеската територија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.