Ова семејство живеело изолирано на планина 43 години: Не знаеле дека има војна, а кога ги нашле …

Од целото семејство Ликов, денес е жива само Агафија, која има 80 години и сè уште живее сама во Сибир.Повеќе од 40 години, семејството Ликов живеело во најнепристапниот дел на Сибир. Карп Ликов свесно го избра ова место за себе и за своите деца. Карп дошол со сопругата Акулина и двете мали деца во овој запуштен дел на Русија, место за кое без претерување може да се каже дека е „ ледена пустина“ .Во 1936 година, едно семејство на православни стари верници побегнало во шумата за да избегне верски прогон.Двојката имала уште две деца во ова изолирано место , па шестмината живееле 43 години без контакт со цивилизацијата или човечко суштество. Децата комуницираа со врисоци, но сите беа исклучително интелигентни и физички силни.
Во 1978 година, тие биле откриени од група геолози кои им кажале се за надворешниот свет. Интересен е фактот што семејството Ликов не ни знаело дека се случила Втората светска војна.Кај семејството Ликов геолозите останаа три години , а тоа скапо ги чинеше членовите на семејството. Иако не е докажано од што, постои сомневање дека тројца членови на семејството Ликов починале поради контакт со патогени со кои досега не се сретнале. Така останале живи само стариот Ликов и неговата најмлада ќерка Агафија, бидејќи мајката умрела од глад една година пред да дојдат кај нив геолозите .По смртта на нејзиниот татко, Агафија Ликов живее сама во овој запуштен дел на Русија. Таа не сакаше да го напушти ова место и покрај сите предупредувања на луѓето кои ја посетија. Кога минатата година и кажаа за војната и за можната опасност што и се заканува, таа рече:„Ова е мојот дом и не знам ништо подобро.Инаку, Агафија 3 пати доаѓала во градот, се запознала со цивилизацијата по последните 30 години, а за тоа искуство зборувала вака:„ Има толку многу автомобили, зошто толку многу? Толку многу чад излегува од нив, не можеш да дишеш“ , рече тогаш таа.Откако нејзината приказна излезе во јавност, донаторите и изградија нова куќа со соларни панели што и овозможија да користи сателитски телефон.Деновите ги поминува чувајќи 6 кози и грижејќи се за три мачки и едно куче што го нарекува Цветочек (Цвет).Таа денес има 80 години и одлично здравје.„Има ли нешто што би ја натерало да го напушти својот дом, веројатно не. Дури ни вселенската програма “, велат руските медиуми за Агафија.

Пронајдете не на следниве мрежи: