Ова се најголемите жаришта на корона во светот во моментов: Европа не е поштедена од тоа

Коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, а досега повеќе од 20 милиони луѓе се разболеле во 188 земји. Повеќе од 700.000 луѓе починале од новата болест.

Каде расте бројот на пациенти и смртни случаи од корона? 

Латинска Америка е епицентарот на пандемијата, според Светската здравствена организација.

Бразил е втор според најголем број случаи во светот, потоа Соединетите држави кои забележа повеќе од 100.000 смртни случаи. Мексико, втората најпогодена земја во регионот, забележа повеќе од 50.000 смртни случаи.

Бројките исто така рапидно се зголемуваат во Колумбија, Перу, Аргентина и Венецуела.

Во Африка, Јужна Африка и Египет досега имаа најмногу заразени, а Јужна Африка стана петта земја во светот што забележа повеќе од 500.000 случаи.

Индија има најголем дневен број случаи и смртни случаи во светот

Индија има регистрирано повеќе од 50,000 новозабоелни секој ден во последните две недели и има надминато повеќе од два милиони случаи  вкупно. Втората најнаселена земја во светот има петта најголема смртност, но и понатаму ги олеснува јавните ограничувања и покрај големиот број случаи.

Случаите повторно растат и во Европа

Неколку земји ширум Европа објавија неодамнешни зголемувања на случаи.

 На патниците од Велика Британија им било кажано дека мораат да одат во карантин две недели ако се вратат од Шпанија, Белгија или Луксембург заради зголемувањето на инфекциите таму. Франција е исто така во пораст.

Се чини дека Шпанија го доживеа најголемиот скок досега, а повеќето нови случаи се забележани на североистокот на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.