ОВА СЕ НАЈИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЗНАЦИ – Тврдат астролозите

Земјените знаци покажуваат практична интелигенција, додека огнените знаци се најинтуитивни во Зодијакот, што ги прави совршен материјал за лидерски позиции во бизнисот.

Според астролозите, најпаметни хороскопски знаци се Водолијата и Шкорпијата! Сепак, нивната памет произлегува од две многу различни причини.

Личностите родени во знакот на Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивната способност и коефициентот на интелигенција. Од друга страна, Шкорпиите ги краси повеќе разбирлива интелигенција, тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

– Ова не значи дека другите хороскопски знаци не се интелигентни, тие се – на свој начин. Близнаците и Вагата исто така имаат многу ментални способности – објаснува Нил Крабтри, астролог.

Ракот и Рибите се најдобри во емоционалната интелигенција. Со други зборови, тие совршено ги препознаваат и судат за своите и чувствата на другите – додаде тој.

Земјените знаци: Бик, Девица и Јарец – покажуваат практична интелигенција, додека огнените знаци: Овен, Лав и Стрелец – имаат тенденција да бидат најинтуитивни во Зодијакот, што ги прави совршен материјал за раководни позиции во бизнисот.

Пронајдете не на следниве мрежи: