Ова се најновите податоци со состојбата со коронавирусот во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 2.934.651 лице. Од нив починале 203.684, а оздравеле 840.765 луѓе.
– Во Германија потврдени се уште 1.737 пациенти заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 154.175 луѓе. Бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус во изминатите 24 часа се зголеми за 140, така што вкупниот број на починати изнесува 5.640 луѓе.
– Во Франција во изминатото деноноќие починаа 369 луѓе од последици на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 22.614. За еден ден се евидентирани 1.660 новозаразени лица, со што цифрата на инфицирани лица со новиот коронавирус изнесува 161.488.


– Во Унгарија во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починаа десет пациенти, со што бројот на смртни случаи изнесува 172. Во земјата има 2.500 заразени со новиот коронавирус, од кои најголем број – 1.274 луѓе во Будимпешта. Во моментот 9.589 лица се во куќен карантин.
– Во Австрија во изминатите 24 часа регистирани се само 46 новозаразени лица со Ковид-19. Од избивање на епидемијата во земјата инфицирани се 15.140 луѓе, а излекувани се 12.103, додека евидентирани се 536 смртни случаи.
– Во Русија денеска се потврдени 6.361 новозаразени луѓе со Ковид-19, со што бројот на инфицирани достигна до 80.949. Во изминатите 24 часа евидентирани се 66 смртни случаи, така што вкупно починале 747 луѓе од последици од новиот коронавирус.
– Министерството за здравство на Сингапур денеска соопшти дека регистрирани се 931 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 13.624. поголемиот број од новоинфицираните се странски работници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.