Ова се најпопуларните диети на славните дами

Важен дел од професијата на познатите личности, врз основа на која и заработуваат голем дел од парите е и нивниот изглед.
Испробајте ги некои од следните диети кои познатите личности ги применуваат и кои се заслужни за нивниот добар изглед.
Џесика Симпсон – диета “Контролор на тежина”
Џесика “качи” голем број килограми во текот на своите две бремености, но откако стана заштитно лице на програмата “Контролори на тежината”, таа значително ослабна. Нејзиното губење на килограми било прилично едноставно и се базирало на здрава исхрана, вежбање и поддршка од семејството.
Ким Кардашијан – Аткинсонова диета
Старлетата Ким Кардашијан се колне во Аткинсоновата диета, која се базира на протеинска исхрана без јаглехидрати, а кога ќе го погледнете нејзиното совршено тело по бременоста, сигурно ќе сакате да ја испробате оваа метода на губење килограми.


Меган Фокс – Палео диетаНе постои ништо убаво во високопротеинската Палео диета. Имено, таа се базира на исхраната од палеолитскиот период – нема житарки, преработена храна, компири и млечни производи. Можете да јадете месо, но тоа да не е пржено.
Бијонсе и Џенифер Анистон – диета 5:2
Диетата “5:2” се состои од нормална исхрана пет дена, а преостанатите два дена се подвргнувате на некој вид пост. Внесот на калории за тие два дена треба да биде ¼ од вашата нормална диета и да вклучува многу овошје и сокови. Бијонсе и Џенифер Анистон се доказ дека оваа диета навистина делува.


Сестрите Мидлтон – Дукан диета
Оваа диета е малку покомплицирана од останатите, но сигурно ќе успеете да “влезете во штос”. Таа подразбира зголемен внес на протеини, но и побавно слабеење така што е погодна за оние кои всушност сакаат да внимаваат на својата линија или да изгубат помал број на килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.