Ова се најризичните земји за патување во 2021 година

Компанијата „International SOS“ која се занимава со здравствени и безбедносни услуги, ја објави годишната листа на најризични дестинации за патување за 2021 година.
Листата се составува секоја година врз основа на безбедносните и здравствените ризици, а оваа година особено е разгледан и ризикот од инфекција со коронавирус.
Мапата вели дека најопасните места за посета во 2021 година се Либија, Сирија, Ирак и Централноафриканската Република. Како земји со најголем безбедносен ризик се оценети африканските и земјите од Блискиот исток. Помеѓу нив најмногу се истакнуваат Авганистан, Либија, Ирак, Сирија, Мали, Јужен Судан и Сомалија.
Од друга страна, на списокот на земји со најголем здравствен ризик се сметаат Либија, Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен. Овие земји завршиле на неславната листа и поради политичкото и социјалното насилство како и поради проблемите во овозможување соодветна медицинска нега.
Здравствените и безбедносните ризици се најниски во земјите од Западот, но „International SOS“ истакнува дека би можело да дојде до промени на листата поради пандемијата на коронавирусот, чиј понатамошен тек не може точно да се предвиди.


Помеѓу земјите со најнизок безбедносен ризик се најдоа скандинавските држави како и Кина, додека Велика Британија е рангирана како „земја со умерен ризик“ кога станува збор за епидемијата на Ковид-19.
Нов Зеланд, Танзанија и Никарагва се рангирани како земји со најмал ризик од инфекција со коронавирус.
Листа на земји со екстремно висок безбедносен ризик:
– Сирија
– Ирак
– Јемен
– Сомалија
– Јужен Судан
– Либија
– Централноафриканска Република
– Мали
– Авганистан


– Доњецк и Луганск во Украина
Земји со многу висок здравствен ризик:
– Нигерија
– Либија
– Јемен
– Ирак
– Авганистан
– Северна Кореа
– Гвинеја
– Венецуела
– Буркина Фасо
– Сиера Леоне
– Гвинеја-Бисао
– Либерија
– Централноафриканска Република
– Еритреја
– Хаити

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.