Љубов, топлина и разбирање се основните компоненти за здрава емотивна врска. Многу време поминува додека да ја најдете вистинската личност, а кога конечно ќе ја пронајдете, сакате љубовта да трае засекогаш.
Меѓутоа, модерните врски некако не се вклопуваат во оваа идеална визија за љубовта. Младите парови всушност ги премолчуваат своите емоции, времето го трошат на работи кои суштински нема да ги зближат и своеволно ја осудуваат врската на крај.Постојат одредени проблеми на модерните врски, кои дефинитивно влијаат на квалитетот на односот помеѓу двајца луѓе:
1. Намалување на довербата во врската
Довербата е најважна работа во секоја врска. За врската да ја претворите во нешто сериозно, прво добро запознајте го својот партнер и одлучете дали можете да му верувате.
2. Недостаток на комуникација
Ако немате искрен и отворен однос, вашата врска нема да напредува. Обидете се да најдете време за партнерот. На тој начин целосно ќе го запознаете и ќе го разберете. Ниедна врска не може да поднесе воздржување од комуникација на одредени теми и меѓусебен недостаток на разбирање.
3. Премногу онлајн време
Наместо да се забавувате и да се гледате еден во друг, во четири очи, вие седите еден покрај друг и гледате во телефоните. Присуството на технологија, ја намалува романтиката на минимум. Хемија и страст се раѓа преку поглед. Обидете се да се загледате во вашиот партнер и видете за што размислува, посветете му се целосно и повторно ќе се заљубите во него!