Ова се најчудните запросувања кои ги доживеале жените

Запросувањата важат за многу романтични настани, но дека не е секогаш така, говорат искуствата на повеќе жени.
Некои жени откриле како изгледало нивното запросување, додека други ги прераскажуват искуствата на нивните пријателки, мајки. Некои запросувања се необични, убави, но има и такви кои се како излезени од пародија, пишува Дејли Меил.
Запросувања од пеколот
1.Веќе раскинав со него кога ме побара по еден месец и ми рече: Требаше да се омажиш за мене, само прекини го школувањето. Ти може да бидеш дома, јас се ќе плаќам, дури ќе ти платам и операција за зголемување на градите. Тоа е единствено што ти недостасува да биде совршена трофејна жена.
Ја спуштив слушалката и го блокирав.


2.Го ставил прстенот со вреќичка со трева, а јас глупо реков „ДА“. Една година подоцна раскинавме, фала Богу.
3.Момчето на мојата пријателка и предложи да и плати импланти за градите. Таа прифати. И рече дека нема потреба да оди со неа во болница, но дека ќе биде крај неа кога ќе се разбуди од анестезијата. Дојде во болница и и рече дека и ги подарил новите градите наместо веренички прстен бидејќи цената била иста. Беше збунета И рекол „Епа, честитам за вереничкиот прстен“. Се венчаа, добија дете и се разделија четири години подоцна. Таа подоцна отиде да и ги извадат силиконски гради и му ги врати. И неговата нова жена доби податок нови гради.
4.Поранешниот сопруг на мојата мајка ја запроси така што и остави порака на телефонската секретарка, и тоа на 1 април. не беше сигурна дали се работи за шега или не. Меѓутоа, беше сериозен.
5.Мој роднина мислеше дека е добра идеја да раскине со девојката, а потоа да ја запроси. Ја повика на прошетка, а на половина пат и кажа дека сака да се разделат. Потоа и рече „Сакаш ли да се омажиш за мене?“ Ни денес не знам зошто кажа „ДА“.
6.Веќе почнав да мислам дека мојот сегашен сопруг бизарно се однесува кога постојано повторува да ја преместам куќичката за мачки во друга соба. Се утврди дека го сокрил прстенот под покривката со која спие мачката. Беше упорен да ја преместам куќарката во спалната соба, а јас упорно одбивав. Се налути и инсистираше, но не попуштав. Потоа рече: „Можеш едноставно да ја поместиш куќарката, те молам“. Налутено во послушав и го најдов прстенот.


Сепак имало и убави искуства.
1.Излегував од бањата, а мојот сакан со кој сега сум 11 години во брак, ми рече да седнам онака мокра и ме запроси. Тој е прекрасен маж.
2.Прв пат кога сегашниот сопруг ме запроси беше целосно гол. Прифатив. Потоа раскинавме, па повторно бевме заедно. Пак ме запроси и овој пат без ниту едно парче облека на себе. Го прашав зошто е гол, а тој ми одговори дека тоа ќе биде смешна приказна за раскажување на нашите деца и внуци.
3.Дознав дека сум бремена. Бевме во трговски центар кога тој истрча некаде и се врати во веренички прстен, еден од оние кои се добиваат од машина со ставање на паричка. Ме запроси и денес сме во брак 15 години.
4.Вереникот ме однесе во град во убава хотелска соба. Следуваше масажа, вечера и на крајот од денот ме запроси, на паркинг. Ми кажа дека му било непријатно да го направи тоа пред сите со ресторанот. Заедно сме 5 години.
5.Мојот сопруг ме запроси за време за жестока караница. Хормоните беснееја, а јас бев подготвена да си одам. Клекна и кажа дека би сакал да се венчаме. Го гледав со насолзени очи, се уште лута, но веднаш заборавив поради што се скаравме. Се збунив и конечно кажав „ДА“. Се венчавме пред седум години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.