Ова се причините поради кои тој никогаш нема да се заљуби во вас

Вистина е дека момците знаат да сакаат, но за љубов се потребни двајца. Девојки бидете внимателни и прочитајте што сè треба да направите за тој да се заљуби во вас.
Навидум, мажите многу тешко се заљубуваат во жени коишто ги имаат овие доминантни особини:
1. Константно барање на внимание
Без оглед на тоа, каков тип на личност сте секоја жена во врската ќе очекува да добие внимание од својот партнер, но многу е важно да поставите граници на вашите потреби. Доколку очекувате партнерот да ви се јавува многу често, или пак се лутите затоа што не можел да ви одговори на пораката доволно брзо ќе предизвикате во него само негативни емоции кои понатаму ќе создадат проблеми во врската.
2. Несигурност
Да, мажите обожуваат жени кои зрачат со самодоверба. Тие се восхитуваат на силни и независни жени. Секако сосема е нормално тие да забележат некоја ваша слабост, но доколку постојано ги потенцирате недостатоците на физичкиот изглед само ќе го оттурнете од себе. Повторувањето на негативните работи како и посветувањето внимание на вашите несовршености со текот на времето може да направат да му бидете неатркативни на вашиот партнер.


3. Љубомора
Љубомората може да ја уништи и најидеалната врска, а секој ваш испад партнерот долго време ќе ви го памети. Многу е важно да ги контролирате вашите чувства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.